ВМРО-ДПМНЕ до понеделник треба да го информира Џафери дали ќе води кампања

На нешто повеќе од месец дена пред одржување на референдумот за името од најголемата опозициска партија се уште без официјален став како ќе делуваат.

Портпаролот на партијата вели консултациите се во тек и оти партијата се уште прибира релевантни информации за тоа како настапи по вакво сериозно прашање. Не откриваат е дали ќе го обелоденат ставот до понеделник, до кога истекува ракот до кој пратениците треба да се изјаснат дали учествуваат во јавната пропаганда  и дали ќе бидат „за“ „против“ или ќе бојкотираат.

Во исчекување на официјалниот став на опозициската партија, некои од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ одлучија да учествуваат во јавната пропаганда за есенскиот референдум со бојкотирачки став. Од опозициската партија велат оти станува збор за личен став и оти опцијата дека партијата ќе користи дел од средствата била најавена и лично од лидерот на партијата Мицкоски.

Собранискиот спикер Џафери, во телефонски разговор за канал 5, вели дека барањето за обезбедување средства за кампањата не пристигнало до него. Појасни дека ќе бидат доделени средства на сите кои ќе побараат, па дури и донесат одлука бојкотираат.

Во понеделник ќе биде познато кој пратеник колку ќе добие од доделените 80 милиони денари за јавна пропаганда за претстојниот референдум.