ВМРО-ДПМНЕ: Додека ние градиме и создаваме, СДС продолжува со манипулациите кон граѓаните

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период работи на реализација на низа капитални инвестици и проекти, а СДС единствено што смисли и најави е блокада на отпочнатите проекти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години голем акцент стави на здравството и здравствената заштита на граѓаните, инвестирајќи во нови медицински објекти, апарати и обучување на кадарот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ по иницијатива на Претседателот Никола Груевски го изгради ПЕТ центарот – центар за рана дијагностика и лекување на малигни заболувања кој од вчера официјално почна со работа со пациенти, ова инвестиција е вредна 16 милиони евра и претставува единствен таков објект на потегот помеѓу Виена и Атина.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради голем број на нови објекти за потребите на јавните и државните институции и со тоа спречи милионски одливи од државната каса на име закупнина за објекти и деловен простор. Деновиве привршува изградбата на новата зграда на АД ЕЛЕМ, каде ќе бидат сместени дополнителни шест регулаторни тела на простор од  10.000 м2, со 8 надземни и 3 подземни ката, со што овие институции ќе добијат нормални услови за функционирање и работа.

Додека ВМРО-ДПМНЕ гради и создава за доброто на сите граѓани на Република Македонија, СДС продолжува со своите интриги и манипулации кон граѓаните.

Додека ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина на сите, партнерите на Заев се пазарат колкав дел од Тиранската Платформа да се реализира, а колкав да остане во следната фаза.

Граѓаните знаат што е подобро за нив и за нивната иднина, затоа и ВМРО-ДПМНЕ победи на последните избори, а СДС по 11-ти пат загуби. Граѓаните не сакаат лаги и манипулации. СДС наместо да се служи со измами, во најбрз можен рок да овозможи редовни локални и предвремени парламентарни избори, на кои ќе го слушнат гласот на граѓаните и нивниот одговор за целата деструкција која во изминатиов период ја посеаја во Република Македонија.