Подолг период наназад предупредуваше на последиците од насилството што го промовираа СДС и нивните невладини, соросови сателити, а сега јавноста може да ја види катастрофата од деструктивната политика која следи како нуспродукт од насилничкото враќање на животот, се истакнува во писмената изјава на ВМРО-ДПМНЕ во четвртокот во врска со обидот за убиство на нивниот висок партиски функционер и поранешен министер за здравство извршен денеска напладне
„Зоран Заев најавуваше дека ’ќе се пука“ и дека ’живи луѓе ќе јадел’. Тоа се неговите реформи. Тоа е начинот на којшто го враќа животот“, се потсетува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Се истакнува дека веќе на првиот ден од доаѓањето на власт јавноста е сведок на подмолен вооружен напад врз министерот Никола Тодоров, кој благодарение на присебноста успеа да го избегне атентаторот.
„СДС и Заев долго време го подготвуваа теренот за ваквиот монструозен акт. Долго време го напаѓаа и навредуваа Тодоров нарекувајќи го ’Министер смрт’. Таканаречената ’Шарена револуција’ и СДС долго време ширеа хистерија и повикуваа на насилство. Одговорност мора да има“, се вели уште во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, посочуваат дека Министеството за внатрешни работи уште молчи за случајот со поставените бомби во семејната куќа на нивниот пратеник и исто така поранешен и министер 0Антонио Милошоски.
„Доколку не беа откриени експлозивните направи и во тој случај можеа да однесат човечки животи“, се предупредува во реакција во којашто се заклучува дека „срамното, насилничко и деструктивно однесување на СДС мора да запре“.
„Одговорноста не е само кај вооружениот насилник или кај оние кои ја подметнаа бомбата. Одговорност имаат и оние кои подолг период наназад ги поттикнуваа на вакви кукавички чинови. Зоран Заев, СДС и нивните сателити се директно одговорни за креирањето на атмосфера за ваквите насилнички акти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ