Надлежните во државата известија дека пасоши нема, ги известуваме другите држави дека македонските државјани ќе патуваат со истечен рок на пасош, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Замислете државата им вели на своите граѓани патувајте со пасоши со истечен рок на пасоши, а ние ќе ги известиме државите. Каков срам за Заев, за Спасовски!
Ама тие очигледно ниту се срамат, уште помалку им е гајле какви се би можеле да бидат последиците за граѓаните кои би стигнале на граница на друга држава со пасош со истечен рок.
Ама не само што нема пасоши, нема регистарски таблички, нема ни возачки дозволи.
Арно, ама Заев и Спасовски имаа многу работа, тие мислеа дали ќе имаат пасоши за наркодилерите, за криминалците, за мафијашите, за лицата кои ги бара Интерпол. За нив ова се граѓани од прв ред, тие „мораа” да се погрижат за нив за да можат слободно да патуваат?! Каков срам за Македонија? Какви лица ја водат Владата?
За нив не се важни ни децата, за нив заборавија дека треба да им да се дадат свидетелства!
И така додека Заев не ги нареди по свое тендерите ќе си игра со граѓаните.
Едно е јасно, за лицата од прв ред, за привилегираните пасоши најдоа, ама не и за останатите граѓани кои редовно плаќаат давачки во оваа држава, кои патем истиот тој Заев само ги зголемува.
Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!