ДУИ, најдолговечната владејачка партија, која пред шест месеци замина на буништето на историјата повторно се обидува да се врати во игра. Сепак, наспроти овие проѕирни потези, ДУИ останува заглавена во криминалот, барајќи етнички теми единствено како последен обид да преживее политички тајфата собрана околу Ахмети, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Каде беше ДУИ кога граѓаните бараа правда и транспарентност? Очигледно, уживаа во комфорот на криминалните приходи, додека народот плаќаше за нивната негрижа. Зборуваат за „заштита на интересите“, а нивниот најголем интерес секогаш биле нивните банкарски сметки полни со украдени народни пари. ДУИ се однесува како актер во заборавена сапуница – нивните приказни повеќе никого не интересираат, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Македонија нема потреба од спектаклите на ДУИ.
-Време е да престанат да го манипулираат народот и да го прифатат фактот дека нивното време помина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.