ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможи на граѓаните сами да одлучат за каков проект да се троши нивниот данок

Граѓаните ќе можат средствата коишто ги уплаќаат во данокот за имот практично во општинскиот буџет наместо тие средства да се трошат во непродуктивни трошоци, наместо да се трошат во скапо ручеци, патувања и други луксузирања, да можат да изберат за кои проект да ги потрошат тие средства и кој проект да биде реализиран, се предвидува меѓу другото во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, објави во неделата нејзиниот лидер Христијан Мицкоски.

Денеска во Охрид, продолжуваме со концептот да ги презентираме политиките Македонија за сите луѓе, рече во изјавата за медиуми претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, изразувајќи задоволство што ќе има чест, како што кажа, да го претстави идниот охридски градоначалник др Кирил Пецаков

„Ќе зборуваме малку за актуелната политичка состојба, ќе зборуваме за два клучни проекта кои што ВМРО-ДПМНЕ планира да ги реализира и на локално, но и на централно ниво кога ќе ја преземеме владата се разбира од најкорумпираната политичка елита која што некогаш се појавила во независна Македонија“, рече Моцкоски.

Прецизираше дека првиот проект бии моќел да се нарече „мојот данок за мојот проект во мојата општина“, со кој „граѓаните ќе можат средствата кои што ги уплаќаат во данокот за имот практично во општинскиот буџет наместо тие средства да се трошат во непродуктивни трошоци, наместо да се трошат во скапо ручеци, патувања и други луксузирања, да можат да изберат за кои проект да ги потрошат тие средства и кој проект да биде реализиран“ а притоа Мицкоски посочи дека станува збор за проект кој досега во Македонија не бил запаметен.

Вториот проект што ќе го презентира ВМРО-ДПМНЕ, продолжи Мицкоски, е етапното институционалното децентрализирање/..

„По преземањето на власта и имајќи предвид дека Охрид е колевка на културата не само во Македонија, бидејќи Охрид му припаѓа на светот, планираме сите оние институции коишто се поврзани со културата и останатите да ги мигрираме од Скопје практично тука во Охрид. Вклучително во крајна мерка и самото министерство за култура, така ќе постапуваме и со други градови и општини во Македонија, мигрирање на институциите, односно институционална децентрализација“, истакна Мицкоски.

Посочи дека во преставвуањето на програмата за окалните избори во октомври  повеќе ќе се зборува овде во Охрид на таа тема.