ВМРО-ДПМНЕ е победник на локалните избори, затоа Шилегов навредува и губи контрола, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„10 причини зошто Шилегов треба да се срами:
- Никој не знае каде потрошил 12.5 милиони евра од продажбата на градската куќа, кога ќе биде прашан го фаќа хистерија и навредува.
- Оди на работа во 10 часот, ништо не работи.
- Ништо од тоа што го вети не сработи, сега наоѓа изговори. Нема продолжување на булевар Илинден и тунел под Кале.
- Нема почист воздух.
- Сече дрва и уништува зеленило. Последен пример е сечењето на дрворедот на ул. Орце Николов.
- Скопје врие од Диви депонии, не е решен проблемот со Вардариште.
- Јавните претпријатија имаат 10 милиони евра долг.
- Шилегов плати 900.000 евра повеќе за противпожарна скала која град Загреб ја набавил само за 800.000 евра.
- Додека Шилегов ужива во викендицата во Маврово, Скопјани секое лето патат од наезда на комарци, затоа што не се прска на времено
- Од недостаток на проекти, се фали и со чистење улици и собирање на смет, нешто што е редовна работа на јавните претпријатија“, потенцираат од партијата.
Од таму додаваат дека Шилегов не знае кај тера. Шилегов губи. Време е за промени.