ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман за Буџетот, со цел да им се помогне на сите медиуми во Македонија, без разлика на нивната уредувачка политика, соопшти лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Намерата е следната година сите медиумски работници да бидат целосно ослободени од придонеси, кои изнесуваат вкупно 28 проценти од бруто платата.
На годишно ниво буџетските импликации на ова мерка за поддршка на над 2.000 медиумски работници би биле околу 10 милиони евра.
Од ова решение би биле исклучени МРТВ и МИА, кои се финансираат од буџетот. За нив ќе се инсистира редовно да ги добиваат буџетските пари.
Доколку власта не го прифати ова решение, по победата на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот ребаланс во јули 2024 година, ова ќе се оствари до крајот на годината, а потоа ќе важи и за секоја наредна година.