![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Capture-109.jpg?resize=626%2C381&ssl=1)
ВМРО-ДПМНЕ е прва политичка партија на Балканот којашто со статут го ограничува бројот на мандати на високите партиски функционери, а ова ограничување се однесува и на претседателот на партијата, истакна Панче Тошковски, претседател на статутарната комисија на партијата одговарајќи на новинарски прашања по седницата на највисокото партиско тело на која му беше дадена јасна поддршка на лидерот Христијан Мицкоски да започне преговори за формирањето нова влада врз основа на резултатите од неодамнешните предвремени парламентарни избори.
„Во однос на првото прашање ВМРО-ДПМНЕ е прва политичка партија на Балканот којашто со статус го ограничува бројот на мандати на високи на функционери на партијата, а ова ограничување се однесува и на претседателот на партијата. Во иднина претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да биде претседател само два мандати на регуларен избор, евентуално би можел да добие и трет мандат, но само доколку биде подржан од две третини од телата коишто го бираат во конкретниот случај кога говориме за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е конгресот. Во однос на почесни членови и почесни претседатели овој статут на ВМРО-ДПМНЕ такво нешто не предвидува односно ниту Никола Груевски, ниту било кој и да е друг поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели. Такво нешто статутот не предвидува“, прецизираше Тошков на прашањето да појасни колку вкупно мандати може да добијат партиските фунцкионери вклучително и лидерот.
На Тошковски му беше поставено и прашањато за евентуална оставка од Мицкоски или други партиски функционери, во контекст на барањата на некои сегашни или поранешни партиски членови лидерот даи поднесе оставка, односно дали има измени во таа смисла во статутот на партијата, како на кој начин ќе се дава оставка или нема да се дава оставка?
„Можам да кажам на ова прашање коешто го поставивте дека Христијан Мицкоски е првиот претседател на една политичка партија на Балкан коj што самиот себеси си ја ограничува можноста за да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е првиот претседател овој пример не го измислуваме, ние овој пример е земен од aвстриската народна партија во комбинација со одредби од статутот на претседателот на Франција, Макрон, таму имаме такви европски одредби кои што дефинираат ограничување односно зголемување на демократскиот капацитет на самите партии така да мислам дека претседателот Христијан Мицкоски е пример за еден современ европски политичар како гледајќи го примерот на европските конзервативни и центар партии ја унапредува можноста да ВМРО-ДПМНЕ во иднина има така дефинирани одредби кои ќе бидат по примерот на европските партии“, рече Тошковски.
Натаму појасни и дека во иднина ќе се спроведуваат внатрепартиски избори претходно без тоа да има потреба од потврда од Централниот комитет.
„ Во иднина членовите на советите во едниците на локалната самоуправа ќе се бираат на ниво на општински комитети. Тоа е драстично демократизирање во сооднос со она кое што било до сега. Овој статут, најодговорно тврдам дека е најдемократскиот статут на било која партија.