ВМРО-ДПМНЕ е спремно да поддржи укинување на техничка Влада, само ако на иста собраниска седница се изгласаат и предвремени избори

-Пристапот на ДУИ и СДС во овој момент е очајно барање за ден повеќе власт, затоа што се свесни што ќе им се случи на следните избори, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во интервју во емисијата „10 Минути“ на ТВ 21.

„Доколку услов на власта на СДС и ДУИ е да нема техничка т.н Пржинска Влада, тогаш ние се сложуваме под услов на иста собраниска седница да се изгласа и укинување на Пржинска, односно техничка Влада и предвремени парламентарни избори. Ние сме убедени во нашата поддршка и колку и да прават местенки, злоупотреби, толку е голема народната волја што ништо нема да ги спаси и сме спремни убедливо да победиме на избори“, истакна Николоски.

Тој посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е многу јасен а тоа е дека би поддржале укинување на Пржинска или техничка Влада само доколку на истата седница ги изгласаме предвремените парламентарни избори.

„Сѐ уште имаме обемна теренска активност во која го посетуваме секое населено место во Република Македонија. Расположението е за промени и во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Сметаме дека имаме зрел тим кој може да испорача и да ги придвижи работите напред во Македонија во делот на економска благосостојба и во делот на борба со организираниот криминал и корупција“, кажа Николоски.
Тој е потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за избори час поскоро, а Државната изборна комисија да каже кој е најбрз рок во кој таат може технички да ги организира изборите, и на иста седница да се укине Пржинската Влада и да се закажат предвремени парламентарни избори.