ВМРО-ДПМНЕ: Единствената цел на Заев изминатиов период е разнебитување на државата

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија која се грижи за своите граѓани. Ние довербата кон граѓаните ја црпеме од легитимно добиените избори и како таква резултира со многубројни мега-проекти кои ги ветивме и веќе се реализираат, соопштија во неделата од оваа партија.

Тие потетуваат деа нивните напори и ангажман во полз ана граѓаните резултираа со неодамнешниот договор за нов модерен Клинички центар кој чини 72 милиони евра, со површина од 46.987 метри квадратни, составен од подземно ниво, девет ката и хелиодром. Исто така, се истакнува дека денска свечено ќе биде отворен новиот објект на Македонската филхармонија кој се простира на 12.400 метри, голема и мала сала со 1310 места и најсовремена технологија и опрема.

„Деновиве отпочна и исплатата на земјоделските субвенции. Во период од десет години земјоделците во ВМРО-ДПМНЕ препознаа најверен партнер, помагајќи им со субвенции во вредност од над милијарда евра. Да потсетиме дека земјоделието изминативе десет години стана една од најважните стопански гранки“, се додава во соопштенеито.

Во тек е изградбата на историски најобемните инфраструктурни зафати, автопатот Демир Капија – Смоквица, Миладиновци – Штип, Кичево – Охрид, реконструкцијата на патот Велес – Штип, како и автопатот Скопје – Куманово, но и многу други проекти во вредност, исто така, од над милијарда евра.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ реализираше проекти за добробитот на граѓаните, Зоран Заев единствено ги следеше стапките и наредбите на своите ментори. Единствената цел на Зоран Заев изминатиов период е разнебитување на државата и поткопување на уставниот поредок“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и оценуваат дека лидерот на СДСМ претставува „срам за македонскиот народ“.

Порачуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму ќе остане во функција на граѓаните, штитејќи ги нивните национални, граѓански и локални интереси.

„Разликите меѓу посветеното работење на ВМРО-ДПМНЕ и анти-државното делување на СДС се дијаметрални и евидентни. Затоа СДС и Зоран Заев на наредните избори ќе доживеат катастрофален пораз“, се порачува во соопштението од неделата.