Очигледно на СДСМ и смета меѓународниот активизам, каде меѓу другото на високо европско ниво се преставуваат државните и национални интереси на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:
Проопозициските медиуми прават очаен дефокус, кој се надополнува со нервозата на СДСМ обидувајќи се да ги избегнат темите суштински важни за граѓаните, а врзани со Тиранската Платформа која СДСМ ја прифати.
Во Малта, Европската Народна Партија истовремено има и конгрес и самит.
На самитот се поканети шефови на држави и влади на партиите кои се дел од семејството на ЕПП и во тој сегмент свое учество ќе земе и премиерот Емил Димитриев.
Во делот на Конгресот учестуваат партиски делегации и партиски функционери на партиите кои се дел од ЕПП, каде учество ќе земе и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски придружуван од партиска делегација.
Очигледно на СДСМ и смета меѓународниот активизам, каде меѓу другото на високо европско ниво се преставуваат државните и национални интереси на Република Македонија.
Во рамки на Конгресот предвидено е Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и партиската делегација да оствари повеќе средби со политичари од Европската Унија.