ВМРО-ДПМНЕ: Фамилија Ковачевски се богати на грбот на граѓаните, по багателна цена добиваат државно земјиште

Милиони за консултанти во државни тендери, а бизнисот не ги „есапи“Милиони за консултанти во државни тендери, а бизнисот не ги „есапи“. Рамо до рамо, СДС до ДУИ, за тендери, криминали и лични богатења на функционерите на власта, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„За криминалците на СДС и ДУИ небитно е што секој ден стопанските комори бараат помош од државата, а синдикатите бараат поголеми плати за работниците, нив им се најбитни тендерите и богатењето.

Додека замрзнуваат, па одмрзнуваат, па ги реведираат цените, а граѓаните не можат да си ги купат ниту основните прехранбени производи пред празниците, Владата на СДС и ДУИ само со еден потпис на Груби им го зголеми богатството на фамилија Ковачевски.

Со одлука и потпис на Артан Груби, фамилијата Ковачевски доби земјиште по цена од само 70 денари по м2.

За околу 1.300 евра фирма на фамилијата Ковачевски, каде што главен лик е госпоѓата Ковачевска добива земјиште за изградба на фотоволтаици од 1.119м2.

Една седница на Влада потпишува Ковачевски а се богати Груби, наредна седница на Влада потпишува Артан, а се богати Димитар.

Артан Груби му се одолжи на Димитар Ковачевски за целосната и безусловна одбрана на криминалот кој го прави неговиот брат со фамилијарните фирми, како и за матните тендери со надзорот на коридорите 8 и 10Д.

Потписот на Груби не го сокрива фактот, како и судирот на интереси, дека владата предводена од Ковачевски доделува земјиште на сопругата на Ковачевски.

Ваквата одлука на Владата со која и се доделува државно земјиште на сопругата на Ковачевски е само доказ за целосната одлепеност и забеганост на криминалците од СДС и ДУИ.

Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш треба да отвори случај за овој еклатантен пример за судир на интереси“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.