Венко Филипче за десет месеци корона во Македонија стана синоним за недостаток на лекови, недостаток на терапија, немање протоколи на лечење. Знае ли Филипче дека за граѓаните кои се лекуваат во болнички услови, нивните семејства добиваат листа на лекови кои треба да се купат и да се донесат за хоспитализираниот?, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Сега има и лекови кои не може да ги набават ниту членовите на семејството, ги нема ниту да се купат. Сега има недостиг на антикоагулантна терапија, или нема од познатиот „клексан“ во јавните здравствени установи, на клиниките и во болниците. Антикоагулантна терапија нема веќе ниту во аптеките. А станува збор за терапија кој е клучна за пациентите и не само за оние заболени од корона.
Филипче и надлежните наместо уште на почетокот на корона кризата да воспостават целосна контрола на медикаментите, како и залихите со кои располагаат веледрогериите и аптеките, си ги тераа бизнисите. Незаинтересираноста и неспособноста на Филипче ги остави граѓаните во битката со корона без антикоагулантна терапија која живот значи. Филипче ги втурна граѓаните антикоагулантот „клексан“ да го бараат на црниот пазар, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму нагласуват дека за ваквата состојба директна одговорност сносат Министерството за здравство и Филипче.