ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се најголемата опасност за здравјето на граѓаните, бројот на починати достигна 1.084

Венко Филипче и Зоран Заев се опасност број еден за здравјето на граѓаните. Во последното деноноќие починаа 13 лица, а рекорни 1.275 лица се заразени. Македонија со Филипче и Заев е црн рекордер во регионот и пошироко по број на заразени, со 12.762 активни случаи и 1.084 починати од корона вирусот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека тие не се обична бројка која Филипче како статистичар ќе ја објави. Тоа се нечии родители, деца, браќа, сестри, роднини или пријатели.

-Додека граѓаните умираат од корона вирусот, министрите се тестираат бесплатно и приоритетно и добиваат екстра терапии за кои обичните смртници може само да сонуваат. Во реалноста граѓаните со денови чекаат за тестирање, човек починал чекајќи брза помош цел ден, друг човек во Кичево добивал инфузија во дворот на болницата, секој ден слушаме за апели на пациенти од државните болници кои бараат да бидат хоспитализирани, а болниците се преполни, хронични и акутни болни не можат да добијат здравствена заштита и нега. Филипче ќе остане запишан со црни букви во македонското здравство. Филипче покажува апсолутна неспособност да менаџира со кризата и невидена ароганција кон јавноста. Веќе не е една или две, туку 1.084 причини за оставка на Филипче, се наведува во соопштението на партијата.