Заев и Филипче не ги загрижува ниту вчерашната бројка од 193 новозаболени лица од Ковид-19. Поважно им е да си прослават годишнина од преспанскиот договор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Корона вирусот во Република Македонија се повеќе зема замав. Троцифрената бројка на новозаболени од Ковид-19 не се намалува. Заев и Филипче ја симнаа Македонија во друштво на земјите од третиот свет. Бројот на заболени изнесува неверојатни 4.482, од кои активни случаи се 2.469. Овие бројки за Филипче претставуваат нормалност. Со 210 смртни случаи, единствено се потврдува дека Зоран Заев и Венко Филипче со својата неспособност само ја продлабочуваат кризата. Додека Филипче говори дека ситуацијата со Ковид–19 е нормална, oгромен број на медицински кадар e ставен во изолација. Владата на Зоран Заев го урна здравствениот систем на Република Македонија. Освен здравствениот систем, и македонската економија се наоѓа на колена. Наместо да им се помогне на илјадниците фирми коишто се на работ на егзистенција, фирмите на Заев во време на пандемија ги дуплираат своите добивки, се наведува во соопштението на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека поради неспособноста на СДСМ страдаат граѓаните во секое поле.
Поради СДСМ, вирусот Ковид-19 коси низ државата. Поради СДСМ илјадници граѓани останаа без работа.
СДСМ за три години на граѓаните наместо живот донесе сиромаштија, криза, корупција. СДСМ на парламентарните избори ќе биде поразен поради сето ова. Доаѓа времето кога ќе се поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова, или измами. Македонија не заборава, и Македонија ќе победи! Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.