ВМРО-ДПМНЕ: Фолирантите Левица, заедно со СДС и ДУИ не го гласаа буџетот на општина Охрид за нови мега проекти

Фолирантите Левица, заедно со СДС и ДУИ не го гласаа буџетот на општина Охрид за нови мега проекти. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата сами го изгласа буџетот на општина Охрид за 2023 година, кој предвидува пари за реализација за комплетна реконструкција и уредување на влезот на Охрид страна на Битола, како и реконструкција на ул. Гоце Делчев и ул. 7 ми Ноември, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Левица, СДС и ДУИ беа и против нова спортска сала во с. Лескоец, како и против 2 мултифункционални игралишта и 15 детски игралишта на повеќе места во општината.

Коалицијата СДС, Левица и ДУИ беа против нови водоводни и канализациони системи во скоро секое населено место во Охрид.

Само заради советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе има стипендии за успешни ученици и победници на државни натпревари, како и стипендии за деца со ретки болести“ – посочуваат од партијата.

-СДС, Левица и ДУИ беа против нова опрема и механизација во јавните претпријатија, но и против за еднократна помош за деца во згрижувачки семејства. Коалицијата СДС, Левица и ДУИ е коалиција на криминалот, нивен лепак се матните зделки, затоа се против проектите кои носат развој, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.