Ветувањата на Борис Георгиевски за чистење на сметот во Гази Баба се лажни и лицемерни. Тој ветува дека ќе ги исчисти депониите, а неговиот сопствен двор е во катастрофална состојба, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните на Стајковци се жалат затоа што нечистотиите од неговата фарма се излеваат директно на улиците. Човекот кој има депонија во сопствениот двор, не може да го чисти сметот во општина. Тоа е лажење на граѓаните. Препорачуваме пред да лаже што ќе прави во Гази Баба, да се почне со расчистување на сопствениот двор. Граѓаните континуирано се жалат и го пријавуваат на надлежните инспекции, но реакција од инспекциите нема. Ветувањата за ветер и магла нема да поминат кај граѓаните од Гази Баба“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат дека граѓаните на Гази Баба ќе гласаат за реална програма и дела кои ги нуди кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.