
Крајно несериозно и непрофесионално од еден медиум е да се објавуваат лаги и манипулации со кои се доведуваат во заблуда граѓаните. Доколку согласно професионалните стандарди Алсат-М побараше информација од ВМРО-ДПМНЕ ќе дознаеше дека ниту сме најавиле, ниту организираме некаков протест денеска, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека воопшто нема потреба телевизијата Алсат-М да се однесува како пи-ар служба на ВМРО-ДПМНЕ и да најавува измислени настани во име на партијата.
КУРИР ги провери информациите и директно во ВМРО ДПМНЕ од каде што ни рекоа дека партијата одлучно и сериозно ќе се спротистави на сите обиди да се заобиколи и изигра волјата на мнозинството граѓани и нема да дозволи да се носат одлуки кои се спротивни на државните и националните интереси.
-Кога партијата ќе го стори тоа , истото ќе биде масовно и јавно. ВМРО било и ќе остане дел од народот, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.