Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги осудува негаторските и шовинистички изјави на Ангел Џамбаски кон постоењето на Македонија.
– Владата мора да има системски одговор на ваквите провокации и навреди. Ова ли е заедничкото пријателство за кое збори Заев? До кога ќе молчи македонската влада на ваквите негаторски и шовинистички изјави? Ова доаѓа откако и самиот Заев даде скандалозни толкувања за јазикот, историјата и идентитетот – се вели во соопштението.