ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните масовно да излезат на мирен протест пред Собрание

Во очи на собраниската расправа за срамниот предлог кој ја бугаризира Македонија ги повикуваме сите граѓани утре  (14.07.2022) пред Собранието на Република Македонија да излеземе масовно и да протестираме мирно и достоинствено против асимилација и бугаризација на Македонија, апелираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да порачаме дека Македонија не е на продажба, дека информацијата и да помине во Собранието, уставните измени нема да поминат.  Власта мора да го отфрли предлогот“ – порачуваат од партијата.

Како што беше претхоно објавено, во четврток наместо во 19 часот како досега, протестот „Ултиматум – не, благодарам“ ќе започне кога е закажана и пленарната седница на којашто пратениците ќе го разгледуваат ткн „француски предлог“ за одблокирање на македонските евроинтеграции.

Протестот е најавен да почне пред Собранието, а не како изминатите десет дена пред Владата.

 „Ве поканувам утре во 13:30 тука на истото место за овие да нѐ слушнат. Утре ќе биде тестот за овие овде, дали ќе им проработи душата или ќе проработат златниците. Се гледаме утре во 13:30 часот“, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Столковски.
Активисти на политичката партија Левица поставија шатори пред Собранието и рекоа дека ноќта ќе ја поминат таму.
Инаку во средата вечерта се одржа десеттиот протест против францускиот предлог. „Не за бугаризација“, „Не за францускиот предлог“, „Не, не, не“, беа дел од пораките кои демонстрантите ги испратија на протестниот марш кој почна пред Владата, покрај Министерството за надворешни работи а заврши пред Собранието.
На вечерашниот протест демонстрантите врзаа мисирка за автомобил и ја возеа од Владата до Собранието. Според нив, „ќурката“ е за премиерот Димитар Ковачевски. Пред Собранието беше поставена и гилотина заедно со натпис „француски предлог“.

Беше изведен и преформанс во кој ликовите на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и на министерот Бојан Маричиќ се најдоа пред Министерството за надворешни работи, како дел од приказот на младите кои протестираа против францускиот предлог.

Имено, маски со ликовите на тројцата беа преставени како предавници, а ликовите кои се криеа зад нивните маски го потпишаа договорот, како што се вели на протистите за бугаризација на државата.

Наводниот документ беше скинат од страна на граѓаните и испратена пораката „Ултиматум НЕ благодарам“