ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот врз Милевски

ВМРО-ДПМНЕ го осуди вчерашниот инцидент во кој бил нападнат пратеникот Горан Милевски, а МВР  да  го открие сторителот бБез разлика дали мотивите за инцидентот се лични или политички.

– Насилството не е решение и осудуваме секаква примена на сила. ВМРО-ДПМНЕ бара МВР и надлежните органи во најбрз можен рок да го решат случајот со цел да не се фрла темна дамка врз граѓаните кои го користат своето уставно загарантирано право на протести и мирно и демократски го изразуваат своето негодување за антидржавните политики на СДСМ- велат од партијата.