ВМРО-ДПМНЕ: Го осудуваме насилството врз новинари, да се расветли настанот

ВМРО-ДПМНЕ осудува секаков вид насилство и попречување на работата на новинарите и медиумите, соопштија од опозициската партија откако на денешниот протест против поскапување на струјата физички нападната беше новинарската екипа на „Ал Џезира“.

„Новинарите и медиумските работници ја имаат полната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Повикуваме да се расветли настанот од вечерашниот протест и воедно ги повикуваме надлежните органи да ги расветлат сите случаи на попречување на работа на новинари, насилство врз новинари, случаи на физичка пресметка кои власта на Заев ги става под тепих. Воедно, ги осудуваме и случаите кога се врши политичко судски прогон врз новинари кои се критички настроени кон носителите на јавни функции, како и притисоците врз медиуми“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.