И самиот премиер Димитар Ковачевски е свесен дека не може да ја извади државата од криза, и не траба да го слуша својот претходник Зоран Заев, ајде да договориме датум за предвремени парламентарни избори, велат од опозицската ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија се наоѓа во неколку кризи, енергетска која е предизвикана од криминалот и неспособноста на раководните лица во енергетиката и владата, економска, која е резултат на ненавременото планирање, неспособноста и криминалот“, се вели во објавата од недеката на ВМРО-ДПМНЕ.
За најбројната партија во парламентот, и двете големи кризи се резултат на владеењето на владата на коалицијата на СДСМ и ДУИ, кои не можат да бидат решение – „зато што не знаат,и немаат план“.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат на скапиот природен гас, скапите горива, затоа што власта не го прифати нивниот предлог за намалување на акцизата за 50 отсто, како и на повисоките цени на струјата и недостигот од домашно производство кое се компензира со екстра-скап увоз.
Во економијата имаме инфлација и дуплиран јавен долг, подвлекуваатод партијата и додаваат:
„Ковачевски да не го слуша Заев, кој има интерес да ине подолг период од неговото заминување во надеж дека ќе се заборави на неговиот криминал, и да прифати предвремени парламентарни избори“, велат од партијата.
Од датумот договарање до датумот на одржување, ВМРО-ДПМНЕ нуди и четири тима од експерти кои ќе помогнат државата да се справи со последиците од кризата.
„Само со нова влада на ВМРО-ДПМНЕ водена од луѓе експерти, луѓе од народот, државата ќе излезе од кризите во кои не втурнаа СДСМ и ДУИ, се додава во соопштението за јавноста.