ВМРО-ДПМНЕ го прогласи референдумот за фалсификат

-Целата постапка за референдумот ја прогласуваме за голем фалскификат и резултатот не го признаваме.  Согласно на ова, ИК заклучи дека Договорот од Преска е политички мртов. Ова го изјави Александар Николовски, откако вечерва заврши седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

ИК ги прифати предлозите на претседателот Мицкоски и донесе три одлуки: Да се формира анкетна комисија составена од пратеници да ги истражува сите неправилности на денот на референдумот и потоа тоа да се процесира, барање за разрешување на Јавниот обвинител кој замижува пред очигледниот криминал и избор на нов обвинител на предлог на опоцијата, доколку Заев има намера да распише избори, ќе го победиме. Да се формира техничка влада 100 пред избори. ИК денеска одлучи да се формира Републичкиот изборен штаб со претседател Игор Јанушев, изјави Николовски.