ВМРО – ДПМНЕ го слави 25-иот роденден

Внатрешна Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство или скратено ВМРО-ДПМНЕ — најголемата политичка партија во Македонија во сабота ќе го одбележи својот 25 роденден.

„Нашата сила е нашиот народ, нашиот народ е нашата држава“ е слоганот со кој ќе се одбележи роденденот на владејачката партија во сабота на плоштадот ВМРО со почеток од 19 часот. Партијата е  идеолошки наследник на првобитната ВМРО-Внатрешната Македонско Револуционерна Организација, создадена во 1893. По формирањето, ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија која официјално се изјасни за самостојна македонска држава.