
После 5-ти мај во Македонија има нова политичка реалноста, a падот на криминалната и одродена власт е започнат и неизбежен процес и уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема доверба кај народот, се наведува во соопштението на опозициската партија.
„На 5-ти мај аболицираниот Зоран Заев доби врел шамар од граѓаните, кои јасно го изразија својот став дека се за промени и за ставање крај на криминалното владеење на СДСМ. Граѓаните покажаа дека им е доста од неостварените ветувања, неисполнети очекувања, криминално владеење во кое буџетската сметка единствено се користи за богатење на партиски функционери на СДСМ и нивните роднини“, се наведува во објавата на ВМРО-ДПМНЕ.
Уште еднаш истакнуваат дека граѓаните со своите гласови ги отфрлиле корупцијата и непотизмот, криминалните тендери и грантови, како и ароганицијата на власта на СДСМ.
„Покрај сите закани, притисоци и уцени, граѓаните се одважија и излегоа да стават крај на погубните политики на Зоран Заев. Поддршката за политиките на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите закани, притисоци и уцени порасна од првиот до вториот круг за 60 илјади гласови. Сите оние кои излегоа во време на неправда се херои кои покажаа дека Македонија им е најважна. Заслужуваат почит и сите оние кои не гласаа за ВМРО ДПМНЕ, како и граѓаните кои решија да останат дома, со уверување дека времето ќе покаже дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор“, се додава во соопштениетп.
Опозициската партија на крајот заклучува дек бројките покажуваат оти граѓаните бараат и очекуваат право и правдина.