На СДСМ му пречат успешни и чесни градоначалници. Затоа СДСМ си нарачува политички прогон преку нивната Катица Јанева. Граѓаните ќе го казнат Зоран Заев и СДСМ за нивната деструкција и штетата која и ја направија на Македонија, велат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштението на владејачката партија Ви го пренесуваме интегрално
Која е единствената партија што е предводена од лидер аболиран за тежок криминал?
Кој е криминалецот што изјавуваше дека за него не постојат македонските судови и дека нема намера да одговара на судските покани?
Дури откако СДСМ ќе престане да бега од овие прашања ќе има некаков кредибилитет да зборува за правда.
Не се сите исти. Не се сите деструктивни криминалци кои се спасуваат од одговорност благодарение на аболицијата.
Зоран Заев знае дека еден ден ќе мора да ги врати осумте милиони евра украдени од граѓаните и ќе мора да се соочи и да одговара за криминалот. Затоа СДСМ бега од одговорот на овие прашања.
Затоа на СДСМ му пречат успешни и чесни градоначалници. Затоа СДСМ си нарачува политички прогон преку нивната Катица Јанева.
Граѓаните ќе го казнат Зоран Заев и СДСМ за нивната деструкција и штетата која и ја направија на Македонија.