Граѓаните ниту виделе, ниту ќе видат аир од Зоран Заев и најнеспособната влада. Животот дојде само за врхушката околу него, а бројот на луѓе кои живеат под прагот на сиромаштија постојано се зголемува. Затоа главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување од Македонија, ова денеска преку соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Проектот на владата е уште една шарена лага од која што граѓаните нема да имаат вистинска корист. Единствено манипулаторот Заев се обидува со пари од народот да добие политички поени. Доколку навистина се грижеше за буџетот на граѓаните, Заев ќе ја намалеше акцизата која што ја покачи, ќе го зголемеше обемот на производи со повластена стапка на ДДВ од 5% или ќе ја намалеше стапката на ДДВ од 18%, а пред се ќе престанеше да ги краде парите преку наместени тендери. Вака останува впечатокот дека станува збор за квазипроект кој ќе направи поголема штета, отколку корист. Се компликува целиот апарат, се воведуваат софтвери и апликации, а се очекува оние кои се најзагрозени, сиромашните пензионерите и другите ранливи категории, со смартфони да ги сликаат фискалните сметки, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека економска логика за овој проект нема. Истиот дополнително ќе го загрози полнењето на буџетот и потоа ќе има контраефект врз исплатата на платите и придонесите на администрацијата и пензионерите.
Граѓаните нема да добијат по 30 000 денари поврат на ДДВ на крај на годината. За да добијат толкав поврат треба да исплатат во текот на годината ДДВ во висина од над 200 000 денари, односно да купат стоки во вредност од околу 25 000 евра од кои само помалиот дел би биле со повластена стапка на ДДВ од 5% како што е хратана и средствата за хигиена. Дури и со две просечни плати од по 1000 евра, едно семејство не може да си дозволи толкав трошок, така што провидни се лагите на Зоран Заев. Квазипроектот ќе предизвика проблеми, а откако тоа ќе се обелодени инволвираните треба да понесат одговорност, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.