
Растат очајот и паниката во СДСМ пред поразот на престојните избори кој е се поблиску, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Преку срамните пресметки на СДСМ со Уставниот суд продолжува деструктивното сценарио за рушење на институциите и создавање алиби за бегство од избори, за нивно одложување или непризнавање на резултатите.
СДСМ преку своите експоненти во невладиниот сектор им се заканува на Уставните судии дека ќе ги влече за уши и ќе ги крева на клоци ако не ги следат директивите од Бихаќка. Скандалозно е ваквото однесување на СДСМ.
СДСМ сонува да се врати времето кога за 15 минути избираше 617 судии и стотина обвинители без присуство на опозицијата. СДСМ е научен само на тотална контрола над судството.
СДСМ за поврзаноста на партиите и судството треба да зборува со Наташа Габер Дамјановска, сестра на Виктор Габер несудениот министер за Надворешни работи од СДСМ. СДСМ за поврзаност на партијата со судскиот систем може да го праша и Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, кој пак е адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е Јавен Обвинител во Вишото Јавно Обвинителство во Скопје, а неговата сопруга Софија Медарска е судија во Основниот суд Скопје 2. СДСМ сонува за мултиплицирање на ваквите семејни врски блиски до СДСМ во судскиот систем.
СДСМ вршеше притисок врз Уставниот суд и во 2009 година, но тогаш сакаше да ги поништи измените во законот за помилување кои тогаш ги предложи ВМРО-ДПМНЕ.
Денес бандата без сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување. Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој имаше моќ да аболицира криминалци како Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година. СДСМ е партија која својот став го менува во зависност од дневно партиските потреби.
СДСМ наместо најгрубо да врши притисок врз Уставниот суд, треба да признае дека губи на избори поради сопствената неспособност. Но СДСМ не го прави тоа туку го поларизира силно народот и го насочува кон рушење на институциите на државата и системот.
СДСМ не ја сака Македонија која оди напред, туку Македонија која е во пустош во каков што ја остави СДСМ.
Од ваквиот однос на СДСМ спрема институциите и државата се срамат сите граѓани на Македонија. Од деструкцијата на СДСМ последици трпат сите граѓани на Република Македонија.
Срамот на СДСМ ќе му стои вечно, но казната доаѓа побрзо. На 5-ти jуни граѓаните ќе им пресудат на деструктивните манипулатори од СДСМ десетти пат по ред,