ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните започнаа да ја чувствуваат катастрофалната економија на СДСМ на својот грб

Недомаќинската влада на СДСМ успеа за неполни два месеца да ги задолжи граѓаните за 70-ина милиони евра и граѓаните на Република Македонија секој ден се задолжуваат за 1,7 милиони евра само по основ на аукции на државни записи, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштенеито претходно од вторникот на владејачакта партија во врска со задолжувањето и наводното немање средства за исплата на плати во АРМ.

„Покрај сето тоа, владата на СДС со ребаланс на Буџетот ќе ја задолжи државата за 150 милиони евра кои се повеќе од планираното.

Зарем сево ова е дел од долго најавуваните реформи на СДС. Освен долгови граѓаните на Република Македонија не видоа „Р“ од реформи.

СДС не може веќе да глуми опозиција. Наместо целото време да го трошат на барање апсурдни изговори зошто нешто да не се рализира, СДС треба да исполни се што ветуваше.

Граѓаните на Република Македонија со право сакаат да знаат каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толкави суми на пари.

Граѓаните затоа СДС го прашуваат дали со тие пари ќе ги исполнат дадените ветувања за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите.

Сепак, луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници не смее да биде на трошок на граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.