ВМРО-ДПМНЕ поддржани од пратеникот на Беса, Фадил Зендели ја надгласаа владејачката Комисија за избори и именувања за предлогот на власта денеска да се одложи формирањето на пратенички групи и членови во собраниските комисии поради изменетата распределба на силите во парламентот од изборите во 2016 година.
Имено, според сегашниот распоред СДСМ и коалицијата има 51 пратеник, додека ВМРО-ДПМНЕ 38 која се намали поради излегувањето на Панчо Минов, групата на 8те независни и преминот на 3 пратеници во власта.
Има прераспределби и во албанскиот блок, каде што пратеничката група на Беса е поделена, потоа од Собранието замина Весел Мемеди од НДП за што пак плус пратеник доби Алијансата на Албанците на Села. Власта бара измени во распоредот на силите во собраниските тела, но се уште не бил постигнат меѓусебен договор за тоа кои места кому да припаднат, па бараат одложување на точките.
Комисијата за избори и именувања ја предводи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски што во претходните состави беше место за власта но тој застана на чело на оваа Комисија поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ во 2016 како пратеничка група имаа најмногу пратеници.