ВМРО-ДПМНЕ и Дарко Костовски бараат дислоцирање на модуларната амбуланта што ја гради „Брако“ во Бутел

Членството на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник на скопската општина Бутел од опозициската партија, пратеникот Дарко Костовски, побараа општината да престане со градежните активности и да ја дислоцира модуларната амбуланта.
За нив, оваа како што велат тие, е „срамна“ и „таканаречена“ амбуланта.

„Станува збор за ист тип модуларна амбуланта како онаа во Тетово изградена од иста фирма блиска до власта.

Градоначалникот во заминување Велимир Смилевски, предизборно но и за време на неговиот неуспешен четиригодишен мандат десетин пати јавно ветуваше дека општина Бутел ќе добие модерна поликлиника. Сето тоа резултираше, пред се со небезбеден и понижувачки објект кој го нарушува достоинството на луѓето во општина Бутел.

Изразуваме длабоко сочуство до сите блиски на починатите и повредени луѓе во тетовскиот трагичен настан“, рече Костовски.