Денесka на седница на Советот на Град Скопје се расправаше за иницијативата на Зелен хуман град и граѓаните на Влае за укинување на регулацискиот план за Генералниот урбанистички план на град Скопје за четврт C3 19, со кој се предвидува градење на облакодери и нови објекти на зелениот простор кој таму се наоѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Она што е скандалозно што Јанчева и СДС не го поддржаа укинувањето на регулацискиот план и тие исто како градоначалникот Јакимовски е за градење на облакодери во Влае. Тие бараа дури и симнување на оваа точка од дневниот ред. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласаше за укинување на регулацискиот план што и беше конечна одлука. Регулацискиот план е укинат со одлука на советот на град Скопје и покрај негласањето на истата одлука од советниците на СДС“, додаваат од партијата.