Измамникот Зоран Заев истроши три години на корупција, лично богатење и безброј лаги со кои ја покриваше неспособноста на неговите соработници, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението до јавноста и додаваат дека Зоран Заев само за да ја задржи власта се откажа од националните интереси и прифати целосно обезличување на македонскиот народ и историјата.
„Затоа по три години расипничко владеење, дури и неговиот претседателски кандидат Стево Пендаровски призна дека би се иселил доколку не бил на функција. Зоран Заев лажеше кога ветуваше подобар живот пред три години. Зоран Заев лаже и сега. Три години Македонија не е мрдната од мртва точка. Државата е задолжена за над 5.4 милијарди евра, криминалот цвета, а правниот систем не функционира. Лошите политики предизвикаа Македонија да се празни. Се пополни се автобуските и аеродромите со млади со карти во еден правец“, истакнуваат од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека Заев ветуваше оти ќе врати 600.000 иселени, а три години е причина за иселување на дополнителни неколку илјади.
Со Зоран Заев и СДСМ Македонија само стагнира, констатираат од оваа партија и нагласуваат дека по 12 април следува обновата, односно Македонија ќе биде ставена на брза трака за економски напредок кон ЕУ.