СДСM создава заробена држава каде стравот е главната алатка на владеење. Сосема е јасно зошто криминалци како Красниќи беа ослободувани пред изборите. Игнорирањето на извештајот на ОБСЕ од страна на владата каде се констатира постоење на таканаречен бугарски воз за време на изборите е потврда дека изборите беа криминални, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Според извештајот на ОБСЕ „Резултатите на национално ниво во првиот круг покажаа дека од 922 ливчиња меѓу бројот на подадени гласачки ливчиња и гласачи кои што гласале на изборите за градоначалник”. Извештајот на ОБСЕ ги потврди сомневањата на нашата партија за постоење на изборен инженеринг преку таканаречениот метод на бугарски воз. Од вкупно 3.000 илјади избирачки места на ниво на цела Македонија, со основано сомневање спорни се резултатите од 922 избирачки места. Тоа значи дека во 1 третина од избирачките места СДС се потпрело на изборен фалсификат за да дојде до победа“, истакнаа од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат и дека дополнително имаше масовен поткуп и притисоци кои се вршеше врз граѓаните за својот глас да не го дадат за ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата на Спасовски беше во огромно присуство на сите избирачки места и во целиот тек на кампањата наместо да ги разреши нерегуларностите, таа беше директен учесник во поткупот и притисоците кои ги правеа активисти на СДС. Неретки беа случаите каде избирачки ливчиња од едно избирачко место беа пронаоѓани во друго, избирачки ливчиња во Кисела Вода беа наоѓани од Карпош, од Карпош во Кавадарци, од Кавадарци во Битола, од Битола во Велес, а беа прогласувани како важечки.
„ДИК замижа пред сите овие нерегуларности и не прифати ниту еден приговор на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е доволен доказ дека ДИК на чело со Чичаковски работеше пристрасно со цел прикривање на изборните криминали на СДС. Токму поради ова ВМРО-ДПМНЕ бара неотповиклива оставка од претседателот на ДИК Чичаковски кој непрофесионално, пристрасно и целосно неморално ја извршуваше својата функција. Не можеме да очекуваме непристрасно делување од Чичаковски кој не пропуштал ниту еден митинг организиран од СДС. Не можеме да очекуваме непристрасно делување од генералниот секретар на ДИК чија сопруга беше втора на листата советници за град Скопје од СДС“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат и дека Државната изборна комисија и владата на СДС спроведе катастрофални криминални избори, се со цел да го порази ВМРО-ДПМНЕ преку масовен изборен фалсификат. За сево ова најодговорен Чичаковски и токму поради тоа од него бараме итна и неотповиклива оставка. Доколку 1 третина од избирачките места во Македонија беа таргет на изборен фалсификат спроведен од СДС, Македонија го имаше најкатастрофалниот изборен циклус во својата историја, кој ја укина демократијата во Македонија и го врати политичкиот процес во мрачните деведесеттите.