ВМРО-ДПМНЕ имаше слух за обештетување за земјоделците, имаше сила и имаше капацитет за справување со сите неволји кои ги снајдоа земјоделците, порачаа говорниците на трибината во неделата посветена на состојбите во македонското земјоделство.
Трибината на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во неделата беше посветена на обештетувањето на населението од поплавените подрачја.
Притоа беше истакнато дека изминатите години додека владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, беше дадена на земјоделците и сточарите, бидејќи беа поплавени земјоделски земјишта, но имаше и угинати животни.
Говорниците потсетија дека се помагаше и при евакуација на животните кои ги преживеаја поплавите. Беа уништени и резервите за храна и таму се помагаше.
Меѓу другото, на денешната трибина, беше искатнато дека ВМРО-ДПМНЕ ја крена на повисоко скалило помошта за земјоделците.
На нашите политички опоненти им преостанува да ја зголемат, а ако денот по утрото се познава, ние сме скептични, истакнаа учесниците.