На новите обвинувања од опозицијата, дека премиерот тајно преговара за името, од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека јасен е нивниот став околу спорот со името кој граѓаните добро го знаат.
„За разлика од СДСМ, кои немаат став за прашањето со името и тоа го користат за ситни калкулации и го нудат како да се на пазар, ВМРО-ДПМНЕ има прецизен и јасно дефиниран став кој е напишан во програма, илјадници пати кажан и став за кој граѓаните неколку пати избори гласаа“, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ,
Од таму велат дека СДСМ треба да престане да се однесува несериозно кон прашањето за името и треба да престане да и нанесува штета на државата.
„Името не е нешто за што СДСМ може да држи тезга на пазар“, потенцираат од владејачаката партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ откако предложија да се свитка “кичмата” за името, сега продолжуваат со лицитирања да нанесуваат штета на државата.