ВМРО-ДПМНЕ и Владата го исполнуваат ветеното. ВМРО-ДПМНЕ и Владата покажаа кој е на високо место на листата на приоритети. Досега на дело се виде обезбедување на пари од буџетот за студентите, лекарите, студентските домови и инфраструктурни проекти, продолжуваме со новитети во креирањето на младинските политики, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува со новиот буџет фонд во висина од 10 милиони евра за развој на бизниси за млади лица од 18 до 29 години. Млади на оваа возраст ќе добијат можност за грантови за поддршка во износ до 30 илјади евра. На овој начин се стимулира домашната економија, се поттикнува економската активност, а воедно се создаваат финансиски независни и успешни поединци, велат од партијата.
„Дополнително за сите студенти се обезбедуваат ваучери во вредност до 250 евра за купување на електронски уреди. ВМРО-ДПМНЕ и Владата испорачуваат иднина за младите“ – порачуваат од партијата.