![Konvencija 3x2-01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/Konvencija-3x2-01.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Суштината на пораката и логото на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија се нејзините луѓе, нивните судбини, нивното секојдневие, обврски, нивните пријатели, соседи, роднини, нивните дневни емоции, нивните проблеми, и подеми, нивните успеси, велат од ВМРО ДПМНе
„Македонија е секој грам на желба, волја, страст, порив, борба. Македонија не е апстрактен поим кој покажува некои општи форми. Не. Македонија е прецизен, точно дефиниран поим, вграден во сите нас. Таа е живот и постојано движење, таа е симбол, но и насока. Македонија се сите нејзини луѓе, сите нивни насмевки, сите нивни копнежи и стремежи.Наша обврска е да се бориме за нив, за секој еден, за секој нивни поглед на разбирање и поткрепа, за нивно одобрување, за нивната воздишка и иднина. Да се стремиме да го подобриме нивниот живот, животот на сите граѓани во нашата земја,“ се вели во објаснувањето за логото.
Претседателските избори, според објаснувањето, се важни затоа што избираме човек кој ќе ја преставува државата и ќе го застапува секој еден граѓанин.
„На Македонија и треба човек кој ќе биде стожер на стабилноста, цвртст и одлучен чувар на нејзиниот суверенитет и интегритет. Разумен во своите одлуки и промотор на заедничките вредности. Амбасадор на нејзината традиција и култура. Само човек кој што го познава својот народ, само човек кој што ги познава луѓето во својата земја, може да биде претседател.Човек кому изборот секогаш ќе му биде Македонија и нејзините граѓани,“ велат од ВМРО ДПМНЕ