Најголемата политичка партија во Македонија од вечерва има нов Извршен комитет. Според неофицијални информации, партијата донела одлука за промена на поголемиот број кадри во ова извршно партиско тело, кое и ја води партиската политика.
Покрај лидерот Груевски, од старите кадри во извршниот комитет остануваат Никола Попоски, Никола Тодоров, Илија Димовски, Антонио Милошоски, Емил Димитриев, Коце Трајановски, Влатко Ѓорчев и Александар Николоски и Нермин Теловска.
Партијата го менува и Генералниот секретар. На местото на Емил Димитриев кој ќе остане во највисокото партиско тело, доаѓа Христијан Мицковски.
Според се’ уште непотврдени информации, во Извршниот комитет место добиваат и екс портапролот на Владата Александар Георгиев, историчарот Никола Србов, Богдан Илиевски – Бетмен, професорот Драги Димитровски, нефрологот Игор Николов, пратениците Зеќир Рамчиловиќ и Ана Лашкоска, екс министерот Џери Наумов, директорот на Катастар Славе Трпески, докторот од Лабуништа Сеад Солаковски, Марио Цветковски и ветеранката Дијана Транталовска како и Златко Перински кој беше директор на СЦ Борис Трајковски.
Пратеникот Антонио Милошоски објави статус на својот фејсбук профил со кој се потврдува новиот избот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.