ВМРО-ДПМНЕ: Како директорот на Центарот за лаги во СДСМ Александар Поповски си ја вработил сопругата Сандра во Владата?

СДСМ и денес не дава одговори за партиските војници кои Заев ги плаќа со државни пари, обвинува во соопштение до јавноста опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Како тоа, според кои критериуми и каков оглас директорот на Центарот за лаги на СДСМ, Александар Поповски, си ја вработил својата сопруга Сандра Поповска во кабинетот на премиерот. Значи сопругот пишува лаги од седиштето на СДСМ, а сопругава штанца лажни вести од Влада. И сето тоа под покровителство на сатрапот на македонскиот медиуми средношколецот Маријан Забрчанец, пишува во соопштението во кое од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат пријави за СДСМ за клевета.