Катастрофалните економски политики на владата на СДС предизвикуваат директна штета на стандардот на граѓаните. Според последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика во месец август 2017 цените на мало се повисоки за 4,3 отсто во споредба со минатиот месец. Тоа значи дека во просек 4,3 отсто сите производи кои граѓаните секојдневно ги користат, кои ги купуваат во продавниците се повисоки, а притоа платите, пензиите и социјалната помош не само што не растат туку и паѓаат, предупредваат оопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека ова значи дека погубните политики на СДС ги осиромашуваат граѓаните, а инфлаторната спирала започна да расте и полека да го јаде стандардот.
„Само овој економски показател покажува дека парите на граѓаните ја изгубиле вредноста за 4,3%, граѓаните во просек за 4,3% купуваат поскапи дневни намирници, прехранбени производи, облека, гориво, услуги и слично. Најавените погрешни чекори, покачувањето на даноците, растот на акцизите за дизел горивата, шпекулациите за приватизации на државни фирми, оваа влада само дополнително ќе ја разгорува инфлацијата и ќе ја разјадува економијата на граѓаните. Македонија со години имаше стабилна инфлација од 1-2%, сега за само неколку месеци власт на антиреформската влада на СДС таа изнесува 4,3%. Граѓаните со право стравуваат дека лесно може да се случи сценариото од мрачната транзиција кога годишната инфлација беше двоцифрена, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека сега престои период на неизвесност и за македонската економија, за македонското стопанство, за македонскиот бизнис и за стандардот на македонскиот граѓанин.
„ВМРО-ДПМНЕ, но и експертите предупредуваат дека штетата од погрешните чекори може да бидат несогледливи и далекусежни. Осиромашувањето на граѓаните и на државата мора да престане додека не стане премногу доцна и не биде причинета преголема и непоправлива деструкција, посочуваат од партијата.