ВМРО-ДПМНЕ ќе го одржи конгресoт на 23-ти декември

ВМРО-ДПМНЕ на 23-ти декември ќе го свика партискиот конгрес, пренесува телевизијата Сител која добила официјална потврда од најголемата опозициска партија.

На Конгресот, ќе се разгледува оставката на партискиот претседател, Никола Груевски.

Груевски претходно седмицава во интервјуто за порталот Курик.мк најави дека ќе поднесе оставка пред партиските органи, што се толкува како негово повлекување од кормилото на ВМРО-ДПМНЕ, по речиси деценија и половина на нејзиното чело.

„Независно каков ќе биде резултатот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам оставка пред органите на партијата. Партијата, во согласност со Статутот, ќе организира вонреден конгрес, на кој, освен извештајот за анализата на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Груевски во интервјутот.

Заминувањето на Груевски од челната позиција и евентуалниот избор на нов лидер треба да ги потврди највисоко партиско тело Конгресот.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во неделата вечерта одржува седница. Седницата започна по 19 часот, веднаш по завршувањето на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата под мотото Марш за правдината и татковината.