
„Ние ќе направиме закон што ќе биде соодветен на европските стандарди. Граѓаните од ова сега и од Специјалното јавно обвинителство не добија ништо, резултатот е еднаков на нула“, изјави лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5 телевизија.
Според него, тие луѓе кои ја обвинуваат опозицијата сакаат да го искористат Законот за јавно обвинителство со една цел, а тоа е да ја нападнат ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знаат дека на следните избори ќе доживеат дебакл, и оти, како што рече, народот заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе ги порази и единствен начин како да се спасат, е да донесат еден ваков закон и да го користат за политичка пресметка со опозицијата.
– ВМРО-ДПМНЕ формираше внатрепартиски тимови и тие ќе работат во рамки на правната комисија на партијата, во креирање на еден закон, што ќе го опфати компаративното применливо европско право, ќе ги опфати препораките и праксите на Европскиот суд за човекови права, рече Мицкоски.