ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија секој месец ќе поднесува по едно законско решение кое ќе биде за добро на граѓаните. Безидејноста на СДСМ ги дотера граѓаните до питачки стап, истакна на денешната прес-конференција партискиот портпарол Димче Арсовски.
Првото законско решение кое ќе го поднесе ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците во Собранието е покачување на пензиите на пензионерите за 10 отсто. Доколку СДСМ е чесна во намерите секој еден пензионер ќе има 10% повисока пензија. Доколку на СДСМ им се важни граѓаните и нивниот живот да стане подобар, ќе го прифати ова решение и ќе го изгласа во Собранието, нагласи Арсовски.
Тој посочи дека во услови кога оваа власт ја урнисува економијата и предизвикува социјално и економско цинами на секое поле, ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија има обврска да понуди јасен концепт за економска политика која ќе носи бенефит и за стопанството, и за работниците и за сите граѓани на Република Македонија.
Работењето на оваа власт покажа дека тие немаат визија ниту концепт за водење на економијата. Погледнете ги само проекциите на раст на БДП на сите релевантни домашни и странски финансиски институции кои секојдневно ја демантираат власта која прогнозираше раст од 3,2 отсто и сите наеднаш ја преполовија. НБРМ ги спушти проекциите за раст на БДП на од 3,2 отсто на 2,3 отсто, Европската комисија прогнозира раст од 2,1 отсто, ММФ исто така ја намали, односно ја преполови проекцијата за економскиот раст на земјава годинава од 3.2 отсто на само 1.6 отсто, Светска банка ја намали прогнозата за растот на економијата во Македонија на 2,3 отсто, нагласи тој.
Според Арсовски уште пострашно е што додека БДП-то расте минимално, долгот се зголемува галопирачки.
Така оваа година ќе ја завршиме со надминување на психолошките граници од од над 5 милијарди евра јавен долг, додека пак државниот долг од над 4 милијарди евра. Ова значи дека владата ниту со шминки, ниту со покачување на даноци нема да може да ја ублажи економската катастрофа која ни се случува, туку напротив се повеќе и повеќе ќе ја влошува. Потребни се итни конкретни мерки кои ќе го зачуваат стандардот на граѓаните. Таква мерка е покачувањето на пензиите како прва мерка на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја предложи од кои егизистираат не само пензионерите туку и нивните семејства. Сретсвата кои оваа власт ги троши на набавки на возила, лубриканти, цвеќиња, бадеми и фстаци треба да се насочат кон нешто што ќе го зголеми стандардот на граѓаните, потрошувачката и квалитетот на живот на граѓаните. Очекуваме дека Владата ќе има слух за овој предлог, бидејќи тоа не го бара само ВМРО-ДПМНЕ, тоа е барање на граѓаните кои секој ден се соочуваат со осиромашување и тенчење на нивниот буџет, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.