ВМРО ДПМНЕ ќе решава дали се неговите пратеници ќе се вратат во Собранието

Опозициската партија ВМРО ДПМНЕ треба во средата да соопшт дали нејзините пратеници ќе се вратат во Собранието, откако извесен период тие не се појавува ниту на пленарните седници, ниту на седниците на комисиите.

Ова го најави новиот претседател на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако во вторникот доцна попладнето се сретна со премиерот Зоран Заев, на средбата која траеше речиси час и половина.

Мицкоски по средбата за новинарите изјави дека со Заев  разговарале за повеќе актуелни теми во кои ги презентирале своите аргументи и ставови, и како што вели тој нормално се разликуваат. Истакна и дека, сепак, ваквите средби се конструктивни и очекува да ги има почесто во наредниот период.

Воедно тој дополни дека партијата во моментов се координира, а во текот на утрешниот ден ќе соопшти дали пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе се вратат во Собрание.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали по неговото назначување за претседател на партијата, таа ќе се реформира во политичката реторика, Мицкоски рече дека во иднина промените ќе бидат забележливи.

Претходно во вторникот Мицкоски соопшти и дека има промени во координацијата на пратеничката група на партијата, и наместо досегашниот координатор Илија Димовски, оваа функција ќе ја извршува Владимир Ѓорчев.