ВМРО-ДПМНЕ: Кој ќе му поверува на Спасовски дека полициски службеници без знаење на претпоставените давале пасоши на нарко босови?

Правната држава завршува таму каде СДСМ, Заев и Спасовски почнува. Кој нормален ќе поверува дека полициски службеници сами, без знаење на претпоставени кои се поставени директно од Спасовски сами издавале пасоши на нарко босови?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според мафијашката власт службеници се криви за пасошите за нарко босови? Маргиналци се криви за државниот рекет каде никогаш не се расчисти каде завршија парите? Никој не е крив ниту за туцето пари на Ден Дончев кој избега во Австралија? Никој не е крив ниту за бегството на Мијалков?, подвлекуваат од партијата и додаваат:

„Никој не е крив, зашто Владата на Заев е мафијата, а врана на врана очи не вади. Ќе одговарате, час поскоро“.