Шефот на австриското МНР Себастијан Курц, министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, потпретседателот на ЕПП во ПССЕ Тобијас Зек, претседателот на ЕПП во Советот на Европа Аксел Фишер, беа само само дел од видните европски политички имиња кои се појавија на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ ширум Македонија. Ако на ова се додаде и видео пораката испратена од Битола на првиот човек на најмоќната политичка европска партија (ЕПП) Жозеф Дол, тогаш станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ има силна меѓународна поддршка. Од друга страна, на митинзите на СДСМ не се појави ниту еден европски политичар.
Изминатиов период, ВМРО-ДПМНЕ доби голема и отворена поддршка од видни европски политичари, меѓу кои и австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан курц, кој се обрати на големиот митинг во Скопје.
-Особено сум благодарен за подршката што ја добивме од страна на Македонија во 2015 и 2016 година. Бегалската криза беше голем предизвик за Австрија. Во 2015 година 90 илјади бегалци дојдоа во Австрија, а преку 1 милион ја минаа нашата држава. Без вашата Влада немаше да бидеме во состојба да ја затвориме балканската рута. Многу сум ви благодарен што не подржавте во оваа особено тешка состојба за нас, рече Курц пред големата маса луѓе на вечерашниот митинг и додаде дека ова е мошне импресивен собир.
На митинзите во Виница и Кочани се обрати и Аксел Фишер,пратеник на владејачката германска партија ЦДУ на Ангела Меркел и актуелен претседател на Европската народна партија.
-Заедно ни успеа да ги зачуваме христијанските и конзервативните значенија на народот во Европа и секако успеавме заедно да се заштитиме од фалшливиот идеолошки развој на левите и социјалистите. ВМРО-ДПМНЕ е цврст дел од христијанското демократската фамилија на Европа и затоа ви благодарам. Во време кога нашиот контитент се соочува со сериозни предизвици како што е миграцискиот бран, теротизмот и други безбедносни прашања, македонската Влада покажа особена посветеност и секако таа е посветен партнер кон прашањата кон безбедносните решенија и другите проблеми. Македонија е земја која што активно не поддржуваа кон решавање на проблемот со мигрантската криза, изјави Фишер.
Тој исто така додаде и дека ја поддржува Македонија кон вклучување на Македонија кон ЕУ и Нато и верува дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што може да ја води државата во тој правец.
-Во изминатите денови интензивно ја разгледав изборната програма на ВМРО- ДПМНЕ и со тоа од една страна ја сфатив суштината и основата во која што вистински лежат пријателските работи и заедничкиот живот со Европа. Од друга страна во програмата се предвидува успешен развој на економијата и ќе пронајде добросостојба. За да се исполнат сите ветувања на партијата ВМРО-ДПМНЕ тие треба да имаат една стабилност во Владата и мнозинство во Парламентот, а тоа ќе се покаже на изборите на 11 декември, рече Фишер.
На митингот во Скопје се обрати и Тобијас Зек, потпретседателот на ЕПП во ПССЕ. Зек рече дека Програмата на ВМРО-ДПМНЕ не е обична програма, тоа е програма за иднината на Македонија. Ако се определите за Никола Груевски и оваа партија, се определувате за иднината во НАТО и ЕУ.
-Од името на Европската народна партија, односно од името на партиите кои што се дел од таа пратеничка група, односно Демохристијанската партија на ЕУ, ви посакувам се најубаво во вашата кампања. Особено сакам да се заблагодарам на македонскиот народ, на македонската Влада, но исто така сакам да се заблагодарам на господинот Никола Груевски. Вие сите заедно направивте голема работа, не само за вашата држава туку и за цела Европа. Но не само во изминатите години, оваа Влада покажа особено видни резултати во однос на вашата економија, во однос на безбедноста, во однос на социјалните работи. Вие сте една партија и Влада која што е за пример. Меѓутоа не е битно да се погледне само наназад, туку треба да погледнеме и нанапред, а јас имав можност да ја погледам програмата на ВМРП-ДПМНЕ. Меѓутоа станува збор за програма што има многу идеи, која што содржи многу проекти кои што исто така ќе се спроведат во иднина. Дами и господа ако се определите за оваа партија, ако се определите за Никола Груевски, тогаш се определувате за иднината . Тоа значи за една Македонија која ќе влезе во НАТО, но и во Европската Унија, рече Зек.
Поддршка преку видео обраќање за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на митингот во Велес даде и германскиот пратеник Мартин Хубер од германскиот парламент.
-Вашата земја посебно во изминатиот период и помогна многу на Европа да остане стабилна и токму поради тоа ние од Германија и Баварија ви се заблагодаруваме. Македонија и вашата Влада ги докажа европските вредности и вашите заложби се за стабилна Европа. На вашиот пат кон Европа вие нам можете многу да ни помогнете, истакна Хубер.
Хубер му посака голема победа на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и коалицијата „За подобра Македонија“.
Италијанскиот пратеник Џузепе Галати се обрати ан митинзите во Гостивар и Тетово.
-Живееме во период на големи промени, секојдневно се гледаат во сите сфери на живеењето, од тие причини ни требаат луѓе водачи со големи капацитети во сите правци како административни, и лидерски да застанат и да ги водат своите земји. Треба да постои соработка, интеграција, да знаеме како да ги победиме овие предизвици со кои секојдневно се соочуваме, на меѓународен план проблемите со тероризмот, економската криза. Треба да одиме напред и да бидеме порта која ќе го поврзува светот. Токму во оваа голема слика на загриженост и проблеми соработката и интеграцијата се важни. Имав можност да ја прочитам програмата на ВМРО-ДПМНЕ особено делот од проектите од 2017 па натаму, признавам дека особено позитивно бев изненаден од прогресот и идеите на социјален план. Три основни работи го привлекоа моето внимание: социјалниот момент, влезот во ЕУ и НАТО, како и борбата против креиминалот и корупцијата и владеење на правото, сите инвестици во областа на образованието, и со големо задоволство прочитав и бев задоволен дека во времето на владеењето на Никола Груевски невработеноста паднала на 24 проценти. Важно е што има економска програма со голема експанзија во насоки на подобрување на невработеноста и подобрување на условите на живеење затоа што пред се ова се политики кои носат развој и раст. Ова се воедно и целите кои ги има и Европската народна партија, да создадеме нови работни места, координирање на монетарната и фискалната политика, транспарентност на пазарната економија, социјална политика, истакна Галати.
Тој додаде дека токму затоа на Македонија и е потребна стабилна влада која и некој кој има големи капацитети кои ги покажал и докажал за време на изминатите години.
-Истовремено цела Европа треба да му биде благодарна на Груевски, а ние веруваме дека Македонија е важен партнер за ЕУ и дека Владата водена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде наш стратешки парнер заради напорите кои се преземаа за мигрантската криза. Пријатели од Гостивар, имате голема можност, го имате ВМРО-ДПМНЕ партија која има многу пријатели во Европа, луѓе кои се млади и способни, и пред се лидер како што е Груевски кој ќе ја води Македонија за да влезе во ЕУ и да бидеме сите браќа во една иста заедница, потенцираше италијанскиот пратеник.
-Навистина сум среќен што можам да ја дадам мојата поддршка на целиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за изборите кои ќе се одржат на 11 декември. На победникот му останува одговорноста да владее и да носи одлуки, а на губитникт му останува одговорноста да претставува конструктивна опозиција во Собранието… и уште еднаш ќе нагласам, во Собранието! Поради тоа што таму е седиштето на демократијата и бојкотирањето на изборите, или на политичките дебати е недозволиво во Европа, порача Дол.
Сандра Калниете, потпретседател на ЕПП во Европскиот Парламент и вропратенича од Латвија се обрати на митинзите во Св. Николе и Штип.
-На 11 декември, вие граѓани на оваа прекрасна земја ќе имате моќност да излезете на гласање. Среќна сум што можам да забележам дека овие избори конечно ќе се случат. Вие граѓаните и ние како Европа вложуваме многу надеж во овие избори и ВМРО-ДПМНЕ не може да ги разочара нив, овие избори треба да бидат слободни, фер, транспарентни за да ја придвижат земјата напред, ова ќе помогне да се негува вашиот пат кон Европа. Но, мора да знаете, овие избори не се крајот, тие се нов почеток, тие дават шанса да се добие цврсто мнозинство, стабилна Влада и национален консензус во поглед на евроатлантската интеграција, рече Калниете
Овие избори, додаде таа, нудат шанса заедно со уште поголема одговорност да се оди напред со многу потребните реформи за сите граѓани на Македонија.
Шефот на Унгарското МНР, Петер Сијарто се обрати на македонски јазик на митингот во Штип.
-Чест ми е што можам да бидам тука и да ви се обратам на овој собир на ВМРО-ДПМНЕ. Ние Унгарците, Македонија ја сметаме за прекрасна земја, а македонскиот народот за прекрасен народ. Македонија и Македонците навистина заслужуваат почит, но за жал во изминатите години бројни ликови од меѓународниот политички живот не покажаа почит кон Макеоднија и народот. Имаше такви кои отворено и такви кои скрено се обидуваа да се вмешаат во вашите работи. Сакам да ви нагласам дека ние Унгарците сметаме дека за иднината на Македонија може да одлучувате само вие Македонците, истакна Сијарто.
Агустин Алмодобар, сенатор од Шпанија од владејачката Народна партија на се обрати на митинзите во Центар, Берово и Делчево.
-За Шпанија, Македонија е пријателска земја на кој и веруваме, со која имаме многу заеднички работи со која одржуваме блиски односи од 1994 година кога воспоставивме дипломатски односи. Во текот на овие години нашите врски се зацврстија и се на цврста основа и делиме исти принципи и верувања. Секогаш сме ја поддржале Македонија кон евроатланска интеграција. Шпанија во Македонија ја претставуваат неколку одлични и високо конкурентни фирми. Постои и голем шанса да се зголеми нашето присуство. Затоа на Европа и треба Македонија која е силна и цврста која се справува со сериозни предизвици и има корисни политики за вашите граѓани, како што се вашите реални и остварливи предлози кои ги штитат сите граѓани во земјата, рече тој.
Додаде дека Македонија водена од Груевски кој работи за сите во создавање мостови меѓу сите и останатите земји членки на унијата.
-Ние сме симбол кој го преставува во цела Европа. Иднината и се гарантира и секаде каде што владееме има благосостојба, како во Шпанија со лидерот Рахој. Исто како што треба да биде следната недела во Македонија со вашиот лидер Груевски. Не се сомневам дека Груевски ќе биде најдобар за да продолжи напорно и посветено да придонесува за вас затоа што има реални проекти и политики за подобар и поквалитетен живот за сите. Ја има целата наша поддршка бидејќи покажа дека начинот на владеење дава одлични резултати. Груевски е човек од збор со одлични проекти и преокупиран за приближување на Македонија кон НАТО и ЕУ и е пример за многу други европски политичари. Затоа во недела сите гласајте и да победиме, порача Алмодобар.
СДСМ целосно изолиран на митинзите
Додека ВМРО-ДПМНЕ отворена добива меѓународна поддршка на страната на СДСМ владее меѓународен мрак. Во едно кусо видео од минута и неколку секунди со по една реченица поддршка дадоа политичари во залезот на нивната кариера од партии кои се повеќе го допираат политичкото дно.
-Една чудна работа во целата кампања ми е однесувањето на СДСМ во врска со меѓународната поддршка што ја имаат (или Чадорот). Очекував дека Рада и Црпко досега барем 3-4 пати ќе одеа до Брисел на средби со нивните социјал-демократски поддржувачи, еднаш до Вашингтон, и можеби до Берлин. Место нив, Груевски ги помина Вашингтон, Берлин, Лондон, Минхен и Будимпешта, и донесе двајца капитални министри за надворешни работи да го поддржат. Јасно е дека ВМРО ќе го тепа СДСМ по сите можни прашања на изборите, но кој очекуваше дека ВМРОвците ќе победат и во поглед на поддршката од меѓународната?, напиша на социјалните мрежи новинарот Цветин Чилиманов.
„Ѕвезда во спотот е словенечката социјал-демократска евро-пратеничка Тања Фајон. Фајон доаѓа од Социјал-Демократската Партија на Словенија, и сите ние знаеме дека во Словенија на власт се социјал-демократите. Така? Не е баш така. На власт е, навистина, социјал-демократски поддржувач Миро Церар, но бидејќи Словенците толку често им се згадува од социјал-демократите, што сивата еминенција која владее со земјата Милан Кучан на секои избори мора да вади нова партија, водена од нов кобајаги свеж лик, а повремено мора и да го уапси лидерот на опозицијата, само за да остане на власт. Така пред набрзинка формираната партија на Миро Церар премиер беше Јанковиќ од Меркатор, исто така со негова партија. Доаѓаат предвремени избори, популарнота на Церар се влече по земја, така да Кучан веројатно ќе мора да каже ‘дајте друго дете’ (можеби тоа ќе биде и Фајон, која лично е релативно популарна). Но, нејзината актуелна партија во Парламентот на Слвоенија има бедни 6 пратеници. Фајон е единствената претставничка на својата партија во Европскиот Парламент. Со други зборови, она е едно големо ништо.“ Анализира Чилиманов.
Тој ред по ред ги анализира сите кои се јавија во кусото видео на СДСМ.
„ Сума сумарум, снимката со меѓународните поддржувачи на СДСМ е само добар потсетник колку у ендек е отерана социјал-демократската опција во Европа и во која жална и бедна состојба е Чадорот. Додуше, тоа се арогантни копилиња, и поразите во САД, Британија и низ цела Европа не значат дека ќе им дојде памет. Напротив, како што ги бркаш од власт на национално ниво, така се групираат во Брисел и се обидуваат да владеат преку ЕУ (или преку НВО организациите). Но, генерално веќе сите им ја знаеме финтата и овојпат нема да им пројде. Готово е лузери.“