Ковачевски да не ги краде граѓаните, намалување на ДДВ на горивата на 5%, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Ковачевски да не удира врз народот, тоа што СДСМ и ДУИ крадеа 5 годиnи не треба сега да биде покривано од граѓаните преку плаќање на скапи горива. И во Германија се намалија даноците на горивата и до 30 евро центи, само во Македонија не. Намалувањето на ДДВ од 18% на 5% ќе влијае на намалување на цената на горивата и ќе спречи крах во транспортниот сектор, земјоделието и индустријата во целост. Високите цени нема да го наполнат буџетот, иако Ковачевски на тоа се надева, тие само ќе го осиромашат народот и ќе ја фрлат државата во сиромаштија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека СДСМ не знае како да управува со државата, па својот криминал сака да го покрива со удар врз граѓаните. Токму затоа потребни се предвремени избори час поскоро, додаваат од таму.